Ако сè уште не сте ја совладале техниката како да имате совршени усни, држете се до нашите совети и никој нема да може да ви одолее.
- Грижете се за усните како што се грижите за целото лице
Извадете ја шминката, нанесете пилинг, ставете балзам.
- Времето е најважно
Ако пред излегување одите на вечера со вашите блиски, почекајте пред да ставите кармин за да не мислите цело време дали ќе ви се размачка.
- Ако ги истакнувате усните, очите нека не бидат пренагласени
Шминката треба да биде урамнотежена. Одберете или едното или другото.
- Пронајдете ја вистинската боја
Сите нијанси на кармини се различни, па испробајте ги паметно, во зависност од вашиот тен. Квалитетниот кармин треба да трае подолго.
- Моливот може да ви биде најдобар пријател, но и непријател.
Ако одберете погрешна нијанса ќе ви пропадне целиот изглед.
- Почнете во средина
Карминот прво нанесете го во средината, па продолжете накај краевите на усните. Рацете помалку ќе ви се тресат, што значи и помала можност за грешки.
- Избришете го карминот пред спиење
Лицето ќе се регенерира додека спиете.
- Слободен ден
Важно е усните барем еден ден да ги одморите од шминка. Има убавина и во природниот изглед.