Кактусите се одлични растенија за секоја сезона. Со малку нега тие ќе внесат разиграност во вашиот дом или двор. Оваа интересна мини-градина се прави многу лесно и брзо. Освен кактуси, можете да додадете алое или други сукуленти кои се исто толку убави и долготрајни како кактусите. Ги има на скоро сите тезги со цвеќе на пазарите и во маркетите. На кактусите и сукулентите не им треба многу вода, доволно е да ги полевате еднаш до двапати месечно, кога земјата ќе им стане сува.

Потребни ви се:
- Плитка стаклена вазна
- Ситни камчиња (бели или во боја)
- Земја
- Неколку видови кактуси
- Градинарско лопатче

- Распоредете ги камчињата на дното на вазната.

2. Додајте земја да има доволно место да се посадат кактусите.


3. Посадете ги кактусите и сукулентите внатре. Нека бидат сите во различни бои за да биде шарено. Можете да ставите и украсни стапчиња или да декорирате по ваша желба со слични додатоци.

4. Покријте со тенок слој од преостанатите камчиња.
















