Група на жаби во текот на својата миграција од едно до друго мочуриште во околната шума недалеку од широкиот автопат, немарно се доближиле до еден длабок ров кој успеал да привлече две од нив длабоко внатре. Во афект на драматичност и страв, жабите чија судбина биле да останат цврсто на земјата и да бидат спасени со оглед на длабочината и опасноста од таа јама, со жалење констатирале дека двете несреќни жаби се најверојатно мртви. Игнорирајќи го коментарите во надеж дека ќе се извлечат од несреќата која ги снајде, двете жаби зедоа полн замав за да би скокнале надвор од јамата… Жабите на површината и покрај изненадувањето, не престанале со коментирање дека обидот за спас е апсолутно невозможен, дека јамата е премногу длабока за да би се извлекле, со гласни овации двете несреќници да запрат и да се откажат од себе.

Конечно, една од нив двете им го подари своето внимание, ги послуша и се откажа. По неколку секунди, падна и умре.

Но, другата жаба продолжи да скока со ист интензитет како и пред немилата случка. Давајќи се од себе, скокајќи до недоглед на само неколку сантиметри од површината, толпата жаби сеедно не престана да и зборува и сугерира да престане и да се откаже, да си ги скрати маките и да остане долу, во сигурна смрт. Финалниот скок со особена сила ја избави упорната жаба надвор помеѓу толпата. Кога се најде лице в лице со нив, тие ја прашаа: „Зарем не не слушна што ти говоревме?’, при што жабата им објаснила дека, всушност, е глува и дека за целото време мислела дека тие ја охрабруваат да се спаси.

Јазикот има моќ да испровоцира живот или смрт.
Охрабрувачки збор за некој кој е дното може да направи да се издигне како феникс. Затоа, бидете внимателни што зборувате. Зборувајте позитивно за животот за оние кои минуваат низ Вашата животна патека.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПанк-писатели | Wendy MacNaughton
Следна објаваАвантурите на малите автомобили
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ