Девојчињата ширум светот раснат со приказните за Пепелашка, Снежана… и нема девојче на светот што не сака да биде принцеза спасена од својот принц. Иако зборот „љубов“ тогаш за нив е замо именка без значење, тие мечтаат за денот кога би облекле венчаница. Подоцна со текот на годините работите се менуваат, но додека се мали верувајте секое девојче би застанало пред овој излог исто како што е девојчето на фотографијата на Adi Popa.