Група од 50 луѓе беше активна на неодамнешен семинар. Одеднаш, тренерот им постави групна активност и им подели по еден балон на секој од учесниците. Секој од нив беше замолен да го напише сопственото име на балонот, со перманентен маркер. Тогаш сите балони беа собрани и ставени во друга просторија.

Сите учесници беа испратени во таа соба за да си го најдат балонот со сопственото име, во рок од 5 минути. Секој учесник се впушти во луда потрага по својот балон, секој од нив очајно го бараше своето име, судирајќи се со останатите, туркајќи се во хаосот и вревата, барајќи изговори и оценувајќи ја вежбата како лоша.

По 5 минути, никој не можеше да си го најде балонот со своето име. Беше побарано од нив, како следен чекор случајно да земат некој балон и да го дадат на лицето чие име стои на истиот. Во рок од 2 минути, сите го имаа својот балон во рацете.

Тренерот посочи на следново… токму ова се случува во нашите животи.

Секој е френетично насочен во потрага на сопствената среќа, не знаејќи каде да ја побара. Нашата среќа лежи во среќата на другите луѓе. Дајте им среќа, ќе добиете среќа. И тоа е целта на човечкиот живот.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваВидео | Мојата убава жена
Следна објаваL’Instant Chanel часовници
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ