ОВЕН

Работа

Не заборавајте на вашата способност да дејствувате на вистински начин и да се справите во дадената ситуација.

Љубов

Тоа што не треба да го направите е да предизвикате кавга.

Здравје

Здравствените проблеми се од минлив карактер.

БИК

Работа

Ова е добар период за невработените Бикови, иако работата што ќе ја добиете е од времен карактер. Имате поддршка од газдите.

Љубов

На слободните Бикови им следи еден интересен контакт преку социјалните мрежи или преку излегување, дружење.

Здравје

Благо подобрување на здравствениот статус, кај помладата популација Бикови.

БЛИЗНАЦИ

Работа

Во вториот дел од оваа недела Близнаците доаѓаат до нови бизнис можности, предлози и промени, кои можат да донесат многу попрофитабилни резултати во наредниот период.

Љубов

Премногу неодговорно се однесувате кон вашиот партнер и тоа што му го ветивте, па затоа не е ни чудо што другата страна повремено ќе бара сериозни разговори со вас.

Здравје

Добро.

РАК
Работа

Една деловна понуда во овој период може да ви биде од голем интерес и треба добро да се разгледа.

Љубов

Ако не можете да ги решите проблемите, подобро е да се повлечете на кратко и да размислите внимателно за тоа што сакате. Кај слободните претставници на овој знак, минатата љубов може да биде актуелна.

Здравје

Солидно.

ЛАВ

Работа

Можностите за деловна соработка и аранжманите кои сега се отвораат ќе бидат многу охрабрувачки за вас.

Љубов

Некои црни облаци се расчистија над вашата глава и животот е повторно убав. А сега во него, треба да се ужива. А љубов? И љубовта ќе дојде кога ќе и биде времето …

Здравје

Внимание на здравјето во првиот дел од неделата.

ДЕВИЦА

Работа

Бавни сте во извршувањето на вашите обврски, го избегнувате тоа што е комплицирано или тешко за вас, па затоа не е ни чудо што ќе ги добиете опомени од вашите претпоставени.

Љубов

Девиците се лутат, но преку тишина ќе му покажат на саканиот партнер што навистина мислат за неговите постапки. Но, добро е што овие ситуации се минливи и лесно можете да дојдете до вистинскиот договор и нормално функционирање.

Здравје

Една заморна недела.

ВАГА

Работа

Постои тенденција да во наредниов период премногу се “расфрлате” на сто страни со потполно непотребни обврски.

Љубов

Кај вас е засилена љубомората, посесивноста и најмногу би сакале саканата личност да ја врзете само за себе, бидејќи само на овој начин можете целосно да ја контролирате.

Здравје

Можно е да се активираат хронични проблеми, проблеми со ‘рбетот, зглобовите и забите.
ШКОРПИЈА
Работа
Многу “летате” во овој период и се занесувате со некои идеи кои само во вашата глава изгледаат реални и можни, наместо да се свртите кон тоа од што живеете и обврските кои ги имате.

Љубов

Време е сериозно да размислите за тоа што сакате и како да продолжите … кај слободните Шкорпии, минатото во моментов е најактуелно.

Здравје

Тековни проблеми со коските, ‘рбетот, зглобовите, ревматизмот.

СТРЕЛЕЦ

Работа

Ќе дознаете брзо што треба да направите, кои грешки да ги поправите и како да се однесувате понатаму.

Љубов

Сега е вистинскиот момент малку да се спуштите на земја, да се заљубите и во тој однос да продолжите.

Здравје

Можен пад на здравјето во текот на оваа недела.

ЈАРЕЦ

Работа

Добро е што во вториот дел од недела ќе видите дека некои од промените што сте ги започнале, почнуваат да произведуваат резултати и за прв пат ви е јасно што точно и како треба да работите понатаму.

Љубов

Можеби би било подобро да се свртите кон некоја друга личност, кога веќе гледате дека со оваа, не постои никаква шанса.

Здравје

Добро.

ВОДОЛИЈА

Работа

Пуштете сè да се случува како и досега, само фокусирајте се на она што се вашите приоритети и вашите редовни обврски.

Љубов

Ако сте слободни – нема зима за вас во моментов. Вие уживате во тоа, и тоа вистински и за многумина од вас вистинската љубов и стабилна врска не ви се ни на крај на паметот.

Здравје

Добро.

РИБИ

Работа

Значителен контакт со сериозен бизнис партнер во вториот дел од оваа недела.

Љубов

Можна е љубов со разлика во годините или со просторна дистанца.

Здравје

Добро.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПред празничниот период е совршено време за експериментирање со светки и сјај!
Следна објаваОткријте ја новата H&M празнична колекција!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР