ОВЕН

ЉУБОВ: Овие денови вашиот љубовен живот ќе биде просечен. Сепак, ќе има забави и убави моменти во вашиот дом. Некои свесно, ќе ги намалат своите очекувања.

КАРИЕРА: Пред вас е недела на зголемено движење. Многумина ќе патуваат во друг град заради работата. Сето ова ќе ве освежи и ќе ви разбуди нови идеи како да го подобрите тоа што го работите. Исто така, ќе има и лесно споделување на новите информации со соработниците.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Избегнувајте ги стресните ситуации.

БИК

ЉУБОВ: Вашата завидна енергија ќе ја вложите во зајакнувањето на односот со личноста што ја сакате. Тоа ќе биде искрен труд со важни резултати. Ќе употребите нови идеи кои повремено ќе ја изненадат другата страна. Ништо нема да ве спречи во изразувањето на своите емоции.

КАРИЕРА: Вие ќе ги зајакнете вашите стекнати позиции и повремено ќе дејствувате како вистински лидер. Сфаќате дека вредеше напорот што го направивте, а сега можете спокојно да продолжите понатаму. Посебно, добро ќе им оди на оние кои ја користат интуицијата во својата професија или досега веќе се докажале.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Задржете некои работи за себе.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Најверојатно ќе ги намалите вашите излегувања и ќе поминувате повеќе време на сосема обични места. Оние кои се уште ja бараат сродната душам, можат да најдат својата љубов токму на тие места, додека Близнаците кои се во врска, секојдневно ќе откриваат се повеќе ситници, кои живот значат.

КАРИЕРА: Пред вас се некои нови можности, но само ако се снајдете во новата соработка, што не е лесно. Сето тоа ве упатува на понатамошна работа во која може да дојдат до израз некои ваши мали таленти, но исто така и знаење. Ќе контактирате со млади соработници.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Не претерувајте со спортот.

РАК

ЉУБОВ: Не му пречете на партнерот со докажување на љубовта, бидејќи тоа никому не му се допаѓа. Моментално ви е многу добро, а вашата мала несигурност е само плод на вашата имагинација. Разберете дека не постои гаранција за ништо во овој свет, а кога тоа ќе го прифатите, ќе се чувствувате подобро.

КАРИЕРА: Работата од сенка, ќе ви биде најудобната опција. Тоа што го работите нека биде мирно, без премногу случувања. Ќе уживате во истражувањето на непознатото, но и во ситниците. Некои ќе ги намалат своите амбиции до реални мерка. Станувате позрели.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Престојувајте во природа.

ЛАВ

ЉУБОВ: Каде и да се појавите, ќе забележите дека многу очи се насочени кон вас. Ќе бидете интересни и привлечни за другите, па ова се деновите кога можете лесно да најдете друштво. Ако се уште сте сами, подобро погледнете со кого работите. Некој веќе подолго време посакува да ве запознае подобро.

КАРИЕРА: Желбата за акција ќе биде силна, но околностите постијано ќе ве насочуваат на работа од сенка. Тоа малку ќе ве успори. Затоа, овие денови, можете да ги искористите за квалитетна подготовка и изработка на планови за деловната иднина каква што ја сакате.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Идеално време за медитација во тишина.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Безбедноста и долговечноста на емотивните односи ќе ви бидат важни во љубовниот живот. Својата енергија ќе ја насочите за да го постигнете тоа. Партнерот ќе биде пријатно изненаден. Тие кои се уште се сами, од сега ќе ги избираат само трајните опции во врските.

КАРИЕРА: Вие сонувате за нова кариера. Ова не е невозможно, но прво треба да го одработите тоа што ви е дадено. Подготвеноста да се изборите за она што ви припаѓа, ќе биде клучот за вашиот успех. Одете по патот на вашите идеи и бидете внимателни и професионални.

 ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Би било добро да посетите фризерски салон.
ВАГА

ЉУБОВ: Тие кои се во подолги врски ќе имаат зголемена потреба за интимност, па затоа, најверојатно, ќе се повлечат во мирот на својот дом, каде што ќе уживаат да бидат заедно. Оние што сѐ уште бараат љубов, најверојатно ќе станат главна ѕвезда на интензивните вечерни прошетки.

КАРИЕРА: Следи мудра фаза, откако можеби требавте да ја свиткате главата. Ќе сфатите дека доаѓа време за дипломатија која ви ја отвора вратата. Во исто време, се повеќе сте спремни јасно и гласно да го изразите својот став, се разбира аргументирано.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Ќе бидете верни на себе си и на своите ставови.
 
ШКОРПИЈА

ЉУБОВ: Од ден на ден ќе се чувствувате подобро во друштво на некој близок. Некои ќе ја обноват блискоста која долго време не ја почувствувале, други ќе одат на интересен пат во двојка, а третите, кои можеби се уште се сами, ќе почнат да излегуваат повеќе.

КАРИЕРА: Вие се замислувате себеси во водечки позиции. Многумина навистина ќе ги водат активностите на работа, бидејќи ситуацијата ќе биде така наредена. Другите ќе бидат среќни да се потпрат на вас. Во исто време, ќе го поттикнете развојот на целосно нови идеи или технологии.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Игнорирајте ги другите мислења. Слушајте се себеси.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Вашиот приватен живот ќе биде подинамичен отколку кај повеќето други луѓе. Овие денови би можеле да ви донесат познанство што ќе ги разбуди вашите искрени емоции. Многумина ќе бидат изненадени. Ќе имате покани за забави, а тие кои се долги врски ќе имааат пријатно освежување.

КАРИЕРА: Дојде времето кога можете да осознаете се во врска со работата. Тоа ќе ви го разбистри погледот и ќе ви го дефинира деловниот план за понатаму. Работа ќе имате многу, а доста работи ќе зависат од вас. Значи, ќе го почувствувате товарот на одговорност, но се ќе направите добро.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Бидете воздржани во реакциите.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Некој од вашите пријатели, многу ви се допаѓа. Можеби ќе се запрашате, дали да го задржите убавото пријателство или да се впуштите во љубовна врска. Како и да е, ако го послушате своето срце, не можете да згрешите.

КАРИЕРА: Вие не сте целосно свесни за вашите опции. Од вас се очекува повеќе и подобро, затоа што сте способни. Потрудете се да го одработите тоа што морате, а потоа посветете се на она што го сакате. На тој начин, ќе напредувате на подолги патеки, што е секогаш постабилно.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Подобро поврзете се со младите.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Ќе имате помалку настани, но вашиот љубовен живот и понатаму ќе биде релативно добар. Можно е да ги намалите вашите излагувања и да уживате повеќе дома во друштво на вашата најдрага личност.

КАРИЕРА: Деновиве се добри за средување на помали нешта. Ако сакате да влезете во нешто поголемо, поамбициозно, овие денови не се совршени за такво нешто. Можете да планирате и да ги елаборирате деталите.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Внимавајте како и што зборувате.

РИБИ

ЉУБОВ: Ќе бидете потивки и помирни. Единствено што сакате е само разговор. Вашата сакана личност со олеснување ќе забележи дека сте се смириле. Тие кои се сами, би можеле да почувствуваат блискост со едно лице, кое е сосема некомпатибилно. За сега, се е под знакот на прашалникот?

КАРИЕРА: Како што одминува неделата, вам ќе ви станува се појасно дека вашите долгорочни планови почнуваат да се стабилизираат. Ова знаење ќе ве инспирира да развиете нови планови. Сепак, ќе ви недостасува енергијата за веднаш да ги реализирате.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Не влегувајте во расправии со колегите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПиџама стил: да или не!
Следна објаваПроизвод кој го крева расположението за само една минута!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР