Двоецот „Lidiya Georgieva&Zili “ со колекцијата „Шеќерна волна“ (Cotton candy) го отвори второто издание на „The Bridal Fashion Night“ , вчеравечер во хотелот „Александар Палас“ во организација на Моден викенд Скопје.

„Шеќерна волна“ е премиерна колекција настаната како производ на ексклузивна соработка меѓу дизајнерката Лидија Георгиева и модниот салон „Зили“. Составена е од рачно изработени коктел и венчални фустани во кроеви инспирирани од романтичната историја на Европа.

LIDIYA GEORGIEVA I ZILI

На втората ревија беа презентирани венчаници од „Emili Exclusive Design“ од Струмица за пролет/лето 2015 година. Веднаш по нив „Elizabet design studio“ кое опстои речиси две децении премиерно се представи со колекцијата за пролет /лето 2015 година наречена „Букет со камелии“.

menakon1

Од „Atelier Maria Antoinette“ публиката ја проследи ревијата со креации од колекцијата „Кралица на розите“ за пролет/лето 2015 година.

Ателје „Ал Апарел“ ја прикажа колекцијата „Рефлексија“ ( Reflection) низ која се провлекуваат форми и елементи инспирирани од фолклорот преточени во современ, модерен стил.

Вечерта посветена на невестите ја затвори модната куќа „Менакон“ од Косово чии креации се достапни и во Македонија, во бутикот „Adora for You“ во Тетово.


На последната ревија „Nescafe Dolce Gusto“ подготви изненадување во вид на подарок- апарат за кафе за една од идните невести во публиката која ќе го фати бидермаерот . Пејачката Тања Царовска која долги години живее и работи во Лондон си замина дома со подарокот. Креациите ги носеа манекенките од модната агенција „Подиум“ надополнети со накит од „Ристески“ кои со години рачно изработуваат уникатни парчиња од охридски бисери. Oфицијален мејкап партнер на настанот е „Gosh“ а за фризурите се погрижи „Professional Trend up“ во соработка со фризерските студиа „Кул Кат“ и „Бубе Студио Ин“ .
Амбиентот го декорираа „Каталеја“ и „Casamento“. Комплетно уживање и удобно возење на идните сопружници и овој пат им овозможи „Peugeot“кое е официјално возило на ноќта посветена на венчавката како свечен чин.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПознатиот либански дизајнер Zuhair Murad, омилен во дамските кругови
Следна објаваНеделен хороскоп (2-8 февруари)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ