Илјадници точки со совршен распоред формираат прекрасни реални портрети, распоредени од умешноста и креативноста на Pablo Jurado Ruiz, уметник од Шпанија. Црно мастило на хартија, точка до точка… доволно за да се пренесе одредена слика со многу детали. Ruiz им вметнува живост на неговите ликови со благо навалување на главата, срамежливи, со детска невиност. При објаснување на неговата работа тој вели: „Ми се допаѓа да се зборува за љубовта, разочарувањето, природата, детството… а јас сакам да го прикажам тоа во еден гест, поглед или детал како да е метафора на животот.“