Мајсторска сплотеност на историјата, уметноста, кодовите и симболите, веќе видена во рапидно продадените и масовно омилени „Кодот на Да Винчи“, „Ангели и демони“ и „Изгубениот симбол“, бидејќи го третираат љубопитниот апетит за откривање меѓународни заговори на Роберт Ленгдон. Во својот нов роман, чија премиера е закажана за 14 мај 2013, Браун се враќа во елемент и ветува дека ова е неговиот најдобар роман досега, бидејќи има највеќе вложено во него.

„Со овој нов роман, јас сум возбуден да ги однесам читателите длабоко во ова патување на мистериозното, божествено царство… пејсаж на кодови, симболи и неколку тајни ходници.“

2

Што да очекувате?
Во срцето на Италија, професорот на Харвард повторно е вовлечен во ужасностите на светот, но овој пат концентиран во едно од најтрајните и најмистериозните литературни ремек-дела во светската историја… Пеколот на Данте. Битка со застрашувачки противник, справување со генијална загатка која го вовлекува во пејсажите на класичната уметност, тајните ходници и футуристичката наука – опсесијата со мрачната поема на Данте Алигиери го поставува Ленгдон во трка по одговори, присилен да внимава на кого ќе му верува; пред светот неповратно да се промени!

1

Насловната корица на долго-очекуваниот роман е откриена денес: текст од злато, солза на хартија, скриен мотив – класична и препознатлива, со строг носталгичен профил на Данте. Евидентно, деветте кругови на пеколот таинствено стојат на истата. Додека другата е еднолично поставена, доволно мистериозна за да ги предизвика читателите да ја пробијат мистеријата која се прие позади комплицираните страници. Патувањето во Фиренца кое несомнено ќе резултира со серија опасности и неизвесности е закажано за средината на мај оваа година…

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLove is in the Air
Следна објаваФото на денот | Маж во улога на жена
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР