Sидот „Те сакам“ се наоѓа во градината на Абессес на Монмартр, Париз и зафаќа површина од 40 метри квадратни со вкупно 612 плочки од лава. На овој љубовен sид, фразата „Те сакам“ е напишана повеќе од илјада пати на повеќе од 300 различни јазици.
Sидот го изработија уметниците Фредерик Барон и Клер Кито – а идејата е да се подигне постојан споменик на вечната љубов на ова популарно рандеву место на заљубени парови како траен споменик на нивната љубов.
Фредерик Барон собрал љубовни фрази на повеќе од 300 јазици со буквално тропање на вратите на амбасадите и на неговите соседи, а Клер Кито, уметница која инаку се занимава со ориентална калиграфија, конечно го ставила тоа сè на љубовниот sид.
„Парчињата со црвена боја на sидот претставуваат парчиња на скршено срце, срце на човештвото кое sидот се обидува да ги собере на едно место.“ – Фредерик Барон