Денот на вљубените е најромантичниот празник во светот.

Во повеќето земји се слави 14 февруари и на овој ден луѓето во различни земји ја слават љубовта, повеќе од петнаесет века. Денот на вљубените постои повеќе од 1.500 години, но според некои традиции, „празниците на љубовта“ биле популарни и во претходните периоди.

Во античкиот Рим, 15 февруари, се славел како празник на изобилие. Го викале Луперкалија. Девојките пишувале љубовни писма кои биле ставани во огромна урна. Мажите потоа како случајно, ги ваделе писмата и почнувале да се дружат со девојките кои ги пишувале.

Старите Грци го нарекле овој празник Панургија. Тие играле забавни ритуални игри во чест на богот Пан, заштитник на стадата, шумите, нивите и нивната плодност. Според античкиот мит, богот Пан бил весел, кој сакал да поминува време во шумата свирајќи на флејтата и се обидувал да ги заведе локалните нимфи со своите големи копита.

Што се однесува до помодерните корени на овој празник, има многу легенди поврзани со името на Свети Валентин.

За Свети Валентин, најпопуларната приказна е за христијанскиот проповедник кој ги венчал римските легионери со нивните сакани жени во 269 година и покрај тоа што било забрането и казниво со смрт. Имено, за да се зачува воениот морал, императорот прогласил закон со кој им се забранува на легионерите да стапат во брак, затоа што тој верувал дека оженет човек попрво ќе мисли на својата сопруга и семејството, наместо на империјата и борбата.

Свети Валентин ја сфатил невољата на војниците и се обидел да им помогне на секој можен начин. Ги смирувал скараните на расправиите, пишувал љубовни писма наместо нив, им дарувал цвеќе на младите жени и учествувал во тајните свадби на војниците.
Кога Клаудие II. дознал за ова, наредил свештеникот да биде затворен и егзекутиран.

Според легендата, додека Валентин сè уште бил во својата ќелија, слепата ќерка на затворскиот чувар се заљубила во него. Валентин, кој дал завет на целибат, не можел да ги возврати своите чувства. Сепак, пред егзекуцијата, на 13 февруари, тој и напишал едно трогателно писмо, во кое ги признал своите вистински чувства. Девојката го добила писмото дури по егзекуцијата, а според легендата, зборовите на љубовта што и ги прочитале другите, довеле до излекување на нејзината слепило.

Така е настаната и традицијата на пишување љубовни писма, токму на 14 февруари.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТри шик брендови кои по кои лудуваат модерните девојки!
Следна објаваSидот на љубовта во Париз!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР