Формула за совршена недела: одите на пазар на цвеќето и купувате свежо цвеќе, го ставате во вазна со студена вода и уживате во глетката. Но, чекајте – зошто вашите ружи веднаш овенаа? После само два прекрасни дена на среќа и радост? Во продолжение, ви покажуваме еден едноставен трик со кој можете да им го продолжите животот!
Што да се направи: Наполнете ја вазната со млака вода. Исечете ги дршките на цвеќето под кос агол и ставете ги во вазна.
Зошто делува: Повеќето луѓе мислат дека ладната вода го освежува цвеќето, но тоа е чиста заблуда. Топлата вода всушност го стимулира биолошкиот процес во билките и побрзо се апсорбира. За разлика од студената вода, заради која цвеќето побрзо овенува.




![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)










