Малите станови се најинспиративни кога се идеите за дизајн на ентериери во прашање. Дури и ако работите со многу поголеми површини, тие се одличен параметар за планирање на компактен распоред за помалите соби, па дури и за катчиња со специфични намени во рамки на поголем простор. Двата мини стана кои ви ги претставуваме во продолжение се помали од 30 метри квадратни, но максимално ги искористуваат своите ограничени димензии, благодарение пред се’ на креативниот, повеќенаменски мебел, како и изборот на едноставен декор. Едниот има светол ентериер, додека другиот претставува темен изглед, а обата стила се добро прилагодени за мали простори. За повеќе идеи, погледнете ги и првиот дел, вториот дел, третиот дел, четвртиот дел, петтиот дел, шестиот дел и седмиот дел од серијата објави посветени на мали и убави станови.
1. Стан (24 метри квадратни)
2. Стан (29 метри квадратни)