Малите станбени простори се идеални за повеќе различни намени. Иако мини становите се претежно избор за самци, изненадува колку добро и мало семејство може да се смести во дом со скромна квадратура. Становите кои ви ги прикажуваме се со површина под 50 метри квадратни, но сепак успеваат да ги вклучат сите неопходни елементи за удобен живот, на мошне елегантен и креативен начин. Во продолжение, погледнете како ерген (стан бр.1), мало семејство (стан бр.2) и млада двојка (стан бр.3) живеат комфорно во дом со помалку простор, а повеќе стил. Од најмалиот до најголемиот, секој од трите станови нуди нови и паметни решенија за функционално уредување на животниот амбиент. За повеќе идеи, погледнете ги и првиот дел, вториот дел, третиот дел, четвртиот дел, петтиот дел и шестиот дел од серијата објави посветени на мали и убави станови.