Ако во реалниот живот нештата се искусуваат само со петте сетила, тогаш во соништата тие се стотици, бидејќи слободата не познава никакви ограничувања. Под ова мото, новиот хотелски комплекс Ekies All Senses Resort ги кани светските патници на одмор како од соништата, разгалувајќи им ги сетилата со се’ она што има да го понуди оваа современа оаза со 4 ѕвезди. Совршен пример е како модерниот дизајн и почитта кон природата можат хармонично да егзистираат под ист покрив, прегрнувајќи ги традиционалните грчки мотиви и луксузните сместувачки капацитети на едно место. Се наоѓа на Ситонија, вториот крак на грчкиот полуостров Халкидики, меѓу бела песочна плажа, чисто тиркизно море и зелена борова шума, вгнездени крај заливот во близина на местото Вурвуру. Дискретното влијание на ,,фенг шуи“ филозофијата и белата боја создаваат несекојдневно пријатна атмосфера за комплетно опуштање, надополнувајќи се со идиличните пејзажи надвор. Играта со сетилата продолжува и во внатрешноста – хотелот располага со 65 соби, а секоја од нив се разликува по она што го открива од останатите. Стилизирани се уникатно, но сите во лежерен летен тон и исклучиво со природни материјали, рачно изработени декорации и дизајнерски парчиња мебел. Екипирани се со се’ што е потребно за удобен престој, дочекувајќи ги туристите во гостопримливив, топол и релаксиран амбиент. На нив се надоврзуваат и базен, џакузи, кабина за масажа, спа и сауна, ресторани, барови, библиотека и живописна градина, како дел од погодностите со кои неодоливо привлекува овој раскошен еко-ресорт. Уживајте во летните сцени под сонцето на Халкидики!
Летна оаза на Халкидики
Еколошки комплекс за опуштање на сетилата, со пристап до приватна песочна плажа, чисто тиркизно море и зелена борова шума...