Фотографијата на Jonathan Thorpe, фотограф од Вашингтон ја доловува неверојатната, иконска слика на Ботичели преку една млада жена која го победила ракот – со акцент на провокативна рекреација на „Раѓањето на Венера“. Застаната како божица на љубовта и убавината, моделката Heather Byrd (која неслучајно е поранешна пациентка со рак) е во голо издание, со изложување на длабокото чувство на ранливост среде студената болница.

Фотографот, кој обично е познат по комични портрети, ја фотографирал својата пријателка како начин да ѝ пружи поддршка во текот на нејзините третмани со хемотерапија. Концептот на комбинирање на класичното сликарство со модерната фотографија создава една моќна интерпретација на пресврт, насловена со „Ренесансата на Хедер“. Со огромна посвета на овој проект, секој елемент застапен на фотографијата има свое значење; од кое најголемо е пријателската поддршка на еден крајно неконвенционален, уметнички начин.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСон да се стане успешен фудбалер
Следна објаваПролетна инспирација од H&M
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР