Draco Volans е дефинитивно најинтересниот гуштер на планетата. Познат како летечки змеј, ова мило пријателче ги населува шумите од Филипините до Малезија и Индонезија. Тие се најчесто кафеави, со сина и жолта боја на крилјата. Се размножуваат со несење на едно до пет јајца, од кои излегуваат по две недели и тежат околу дваесет грама. Овие малечки змејови можат максимално да се издолжат до 20 сантиметри, а обемот на крилјата им е секогаш 3/4 од нивната должина.

По природа, не се многу сентиментални. Откако мајката ги несе јајцата, таа ги закопува во земја и многу ретко ги посетува, а често и ги напушта. Мажјаците ја бираат територијата и заеднички населуваат неколку дрва, додека женките се сместуваат во различни дрва, со цел секоја да живее сама.

1623774_539639532816627_99797739_n

Оваа фотографија е направена во шумата Lambusango, Индонезија. Веднаш по фотографирањето, змејот е ослободен.

Flying_Dragon_Mivart

gliding-lizard-avatar-2

NBM4z zd2qsWu

За жал, овие змејови не се од оние кои блујат оган или пак чуваат принцези заклучени во високи кули, но мора да признаеме дека се неодоливо слатки…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПензионерите како филмски ѕвезди
Следна објаваАТИЛА – Џузепе Верди – Македонска опера и балет
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР