Ноември минатата година, беше резервиран за големата премиера на „Крадачка на книги“, приказната која ги омекна срцата на многу луѓе ширум светот, давајќи една поинаква перспектива на воена Германија. Филмската сензација беше инспирирана од големото книжевно достигнување на Маркус Зусак, каде истиот вели дека „нејзините зборови беа нејзина вистина“ – притоа, мислејќи на вистинската крадачка на книги, навика која подоцна стана хит благодарение на 20th Century Fox.

Ова гигант-студио, за да ја прослави појавата на оваа приказна на големото платно, заедно со  Little Free Library, B-Reel and 826 создаде сопствени слободни библиотеки, каде книжевната заедница ќе функционира врз принцип на размена: библиотеките се направени како полици од дрво, каде покрај книгите, постои мини-реплика на малиот германски град опишан во приказната. Покрај оваа сцена од филмот, на полиците може да се најде и самата книга на Зусак. Едноставно, се’ што е потребно е да бидете во Бруклин или Лос Анџелес за да земете/оставите книга… и да запаметите дека „таа чита, значи таа верува“!

2

3

1

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТајниот живот на еден контрабас
Следна објаваЧудесна идила во Швајцарија
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР