Запознајте се со Contrabajo Mueble Bar-от, единствениот контрабас кој секогаш утешува со добра чаша виски. Изделкан од префинето дрво, 170 центиметри висок и 65 длабок, овој контрабас е совршеното легло за некое шише италијанско вино, руска водка или пак американско виски. Можете да ставите и по некоја чаша бидејќи понекогаш навистина е долг патот до кујната.

Дизајнирано од PortobelloStreet, ова дело зрачи со елеганција и стил. Преку ден совршено за добриот музички вкус да дојде до израз, преку ноќ овој контрабас се трансформира во не толку малечок бар, совршен за мали собирања придружени со мелодијата на некоја добра стара музичка плоча.

За вклопувањето на овој луксуз во добро осмислен ентериер потребни се 1755 евра, секако достапен во многу бои.

Classic-Bar-Cabinet-in-Cotrabass-1

Classic-Bar-Cabinet-in-Cotrabass-2

Classic-Bar-Cabinet-in-Cotrabass-4

Classic-Bar-Cabinet-in-Cotrabass-6

Classic-Bar-Cabinet-in-Cotrabass-7

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСекси и љубовна Coca Cola light
Следна објаваLittle Free Library | Крадачка на книги
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР