Меѓу дождливите долини и пространите шуми на Портланд, сместено е навистина чудесно место, познато како портландската јапонска градина. Се смета за најавтентичната јапонска градина надвор од Јапонија, а магичните градини се атракција за голем број посетители, кои секоја година доаѓаат овде од сите краишта на светот.

01

Со климата слична на онаа во централна Јапонија, Портланд се претставил како совршена локација за ова ремек дело на професорот Takumo Tono. Паркот бележи речиси 50 години постоење, а јапонските градини првпат се отворени за посета во текот на 1967 година.

g

Дизајниран е во пет различни стилови, со исто толку автентични јапонски градини од камен, вода и билки, но и голем број секундарни елементи како што се пагода, езерца и мостови. Дизајнерите ја осмислиле секоја градина со посебна намена. Така, една од нив е место кое е наменето за уживање и размислување, па содржи сликовити патеки за прошетка, кои претставуваат различни патувања. Во друга пак, фокусот е ставен на празниот простор, па затоа пејзажот е отворен, празен и нема толку билки како во другите градини. Креирани се со асиметричен дизајн, како идеализирана претстава на естетиката на природата.

05

Петте магични јапонски градини се жива рефлексија на историјата и традиционалната култура на Јапонија. Велат, срцето на јапонската градина е хармонија со природата. Традиционално, нивната намена е поврзување на човекот со природата и создавање чувство на мир, баланс и хармонија.

04

05a

06

07a

07c

07

05a (2)

08

S

09

010

011

03

017

D

020

019

021

022

023

024

Snow cover trees and moon bridge in the Portland Japanese Garden

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРомантично-фантастичниот балет “Жизел“ во МОБ
Следна објаваКнижевно задоволство | Book Lover’s Chocolate
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР