Почитувани,
На 08 февруари, 2014 г. со почеток во 20 часот, во Македонската Опера и Балет ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина “Жизел“. Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување. Во „Жизел“ – на 08.02, ќе настапат: нашата примабалерина Александра Мијалкова, во насловната улога, Алберт: Васил Чичијашвили (Грузија), Хиларион: Драган Кочовски, Мирта: Марта Петкова (Примабалерина – Софија), Па де де: Ангела Велевска и Јан Кисилев, Оружоносец: Драган Пандиловски .
Настпуваат: Комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ, кореограф е Леонид Лавровски (Русија), додека диригент е, Бисера Чадловска
Напомена: Ги потсетуваме нашите ценети посетители дека поради градежни зафати, влезот во Македонската Опера и Балет е преку подземната гаража од страната на аптеката „Зегин“ и од страната на Факултетот за Музичка уметност.