До сите зависници од видео-игри (оние кои признале и оние кои сеуште не),
подгответе се да го промените нивото на тежина од „лесно“ во „што е поентата“, затоа што животот и делото на легендарниот романсиер, а воедно и измачена душа, Франц Кафка конечно добива видео-адаптација во игра, која отсекогаш ја заслужуваше. Denis Galnin, чии предходни проекти ја вклучуваат видео-играта инспирирана од Хамлет, го постави овој трејлер за новата игра, која тој ја опишува како „класична авантуристична игра базирана на извртените романи на Кафка“. Едноминутно видео кое ветува игра исполнета со апсурд, надреализам и загатки. Истото вклучува човек во деловна облека, главниот лик К. кој е константно меланхоличен. Проектот ќе биде достапен следната година на уредите кои поддржуваат iOS, PC, Mac, Android, и Linux.

Протагонистот К. добива ненадејна понуда за вработување. Овој настан го менува неговиот живот, принудувајќи го да замине на далечно патување. На сопствено изненадување, светот надвор од неговиот дом се чини дека не е така нормален како што мислел. Заедно со К. играчите ќе доживеат атмосфера на апсурд и надреализам, севкупно со неизвесност“, вели авторот на играта. Значи, следува нова игра, но кој се грижи околу тоа – животот е бесмилен и ништо не е важно!

1

2

3

4

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУрбана приказна | Vennesla Library
Следна објаваГенијални 3D реконструкции на филмски сцени
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР