Италијанскиот фотограф Francesco Ridolfi создаде прекрасни уметнички фотографии на фигурите во шахот. Исти модели претставени во црна и бела комбинација, претставувајќи ги црните и белите фигури. Почнувајќи од кралицата и кралот, завршувајќи со пионот, ова е проект за кој биле потребни девет месеци за да се реализира. Мора да признаеме ова е оригинална идеја која резултирала со прекрасни фотографии. Погледнете го и процесот на создавање.