Уште од времето кога интернетот се наметна како моќна алатка во комуникацијата и истражувањето, како и трошењето на слободното време – изгледите на библиотеките драстично се изменија, во една негативна конотација. Иако сеуште постојат традиционални читатели кои своето време знаат да го подарат на т.н. катедрала на душата, неодамнешно истражување покажува дека овие институции, како столбови на знаењето, науката и вредностите биле од суштинско значење на американските заедници. Тоа може да се заклучи со еден поглед врз Urbana-Champaign, колекцијата пропагандни постери која денес стои на University of Illinois, а која е создадена од страна на American Library Association (основана уште во 1876 година), но сеуште силна во својата потрага да ги направи библиотеките, физички и дигитални, центри на културната потреба од учење и рекреација.

Многу постери од кампањата се очигледен напор да се зголемат донациите од книги, од страна на цивилите за време на Првата светска војна, а попоцна и Victory Book Campaign, за време на Втората светска војна. Други пак, тежат кон тоа да создадат концепт на „јавна библиотека, на Универзитетот на Народот“ – можностите на интернетот денес ги надмина стравовите од пристап до информации како една пропратна демократизација која не поставува нужност од вистинска зграда со вистински книги; но, концептот за слободен пристап до богатството наречено информации сеуште е релевантен се’ до ден денес.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖивотот е како патување со воз
Следна објаваОтпадот не лаже
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР