„Солунски патрдии“, легенда, не само на Драмскиот театар, туку и пошироко. 27 години, истата актерска екипа ги полнеше театарските салони и отворени простори, секаде каде што ќе се појавеше 160.000 гледачи беа среќни, се смееjа на згодите и незгодите на Пејо и Пандора, на Цанде и Сотка, на Аџи Јанкула и Секула, на Фатиме и Јашар бег…

Неповторливата генерација на големите актери Дади и Снешка, Гоце (кој ги одигра сите 378 претстави) и Ванчо, Мите и Мешко, Сабина и Марин ја предизвикуваа публиката да доаѓа и да ги гледа „Патрдиите“ по неколку пати, затоа што ниту една изведба не беше иста. Немаше настан, политички, културен, спортски да не беше прокоментиран во претставата. Имаше луѓе кои доаѓаа и по триесетина пати и ги знаеја „Патрдиите“ на памет.

Вака, режисерот Коле Ангеловски ќе го започне својот текст „Како да се повтори неповторливото?“ што е печатен во каталогот за новата „Солунски патрдии“.

Ангеловски дополнува дека cега целото дејствие го префрлил да се случува во 30-те години на 20 век, во времето кога се појавува тангото како танц кој блика од страст и кога на големото платно царуваат филмските комичари како Чарли Чаплин, Бастер Китон и други.

„Задржана е таа појдовна основа од извонредниот текст на Миле Поповски кој е инспириран од големото дело на Марин Држиќ – „Дундо Мароје“ а тоа е таа ренесансно-медитеранска атмосфера, мирис на радост, на среќа, на убавина, на задоволство од животот. Мислам дека низ претставава, таа една позитивна енергија, таа радосна енергија ќе бликне од сцената што мене лично ми прави големо задоволство.“ 

Во „Солунски патрдии“ сега играат Биљана Драгичевиќ – Пројковска, Маја Вељковиќ – Пановска, Зоран Љутков, Јелена Жугиќ, Трајанка Илиева, Златко Митрески, Калина Наумовска, Гордана Ендровска, Марија Кондовска, Валдета Исмаили, Душица Стојановска, Викторија Анѓушева, Катерина Коцевска, Катерија Шехтанска – Лаковска, Александра Павлова и Марија Спиркоска – Илијеска, како гостинка од Прилепскиот театар.

„Функциониравме како стално да сме биле заедно и да се познаваме толку добро што само со еден поглед во очите си ги читаш намерите и начинот на кој што сакаш како да изгледа цела таа сцена. Со душа чекаме да дојди публика за да биде потврдено тоа што ние чувствуваме дека имаме одлична претстава“ вели Спиркоска – Илијеска, која во проектот дојде како замена на Билјана Беличанец – Алексиќ и која со оваа улога ја продолжува семејната традиција на Џумерковци умешно да се носат со ликот на Пејо Маријојцо.

Инаку, колку за потсетување, праизведбата на „Солунски патрдии“  се случи во Куршумли ан на 21 јуни 1979 година на отворањето на првото издание на културната манифестација „Скопско лето“, а сегашнава претстава режисерот и неговиот тим, им ја посветуваат на големите мајстори на глумата и прекрасни луѓе Стево Спасовски, Снежана Михајловиќ, Владимир Дади Ангеловски и Димитар Зози.

Наслов на претставата Солунски патрдии
Автор: Миле Попоски
Режија: Коле Ангеловски
Сценографија: Илина Ангеловска
Костимографија: Лира Грабул
Музика: Џенгиз Ибрахим
Улоги: Билјана Драгичевиќ – ПројковскаМаја Вељковиќ – ПановскаЗоран ЉутковИгор СтојчевскиЈелена ЖугиќТрајанка ИлиеваКалина НаумовскаГордана ЕндровскаМарија КондовскаВалдета ИсмаилиДушица СтојановскаВикторија АнѓушеваКатерина Коцевска,
КГ:
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Жаклина Цветковска

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИндиски слики
Следна објаваОригинален стан во Париз
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР