Чувај ми ја тишината како аманет од мене. Избледи ги сите слики што ги чував под коскиве , зошто еднаш ти ми рече: „наше си е, не е на другите“. Фрли ми ја ламбата со која го осветлував секој твој грев…

Не љубов, тие што сакаат на крај, не се држат за конецот со кој плетеле мрежа за да ја фатат и најситната мува. Имав мало срце, велат колкава ти е тупаницата толкаво ти е и срцето. Имаше ти големо срце, за да секое помало го удриш. Таму на крајот има уште едно сонце знаеш… грее поразлично, а моето немој да си ми го вратил, се потроши. Потроши!

Потрошив јас многу бришејќи, како да волкот го менува крзното а заедно со тоа и табиетот. Потрошив и срце, испразнив душа. Потрошив илјада години, среќа.

~ Нестороска Мери

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖивотински инстинкт | Cristina Otero
Следна објаваLouis Vuitton тетрис
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР