Режисер е Златко Славенски, кој исто така се погрижи и за сценографијата, а улогите ги толкуваат: Васил Зафирчев, Сања Арсовска, Благој Чоревски, Борјан Давковски, Рубенс Муратовски, Диме Илиев, Роберт Вељановски, Филип Трајковиќ. Костимите се на Елена Дончева, додека оригиналната музика од Пол Десо што се користи во претставата ја адаптираше Игор Василев Новоградска.

Според Зафирчев, кој по седум години повторно соработува со Драмскиот театар, исклучително е важна можноста домашната публика да се воспита за правење и читање поинаков театар, а тоа го овозможува токму овој текст на Брехт, кој длабоко, трогателно навлегува во човечката душа. „Кавкаски круг со креда“ на Славенски првпат беше изведена на овогодинешното „Охридско лето“.

На ваше барање, Дивиан Артс  ја продолжува соработката со Драмски театар Скопје. Оставете го ваше име и презиме под објавата во формата за коментари, и станете потенцијален добитник на карти за следната изведба на претставата ,,КАВКАСКИ КРУГ СО КРЕДА” . Наградениот ќе биде избран по случаен избор, а неговото име ќе биде соопштено на фан страната на Дивиан Артс.

Се гледаме во Драмски ;)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTopman | Костуми за оваа зима
Следна објаваВо едно време…
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР