Од утро до мрак, Истанбул пулсира во еден своевиден организиран хаос, а реките од луѓе и автомобили никогаш не запираат. Секој нареден миг се воодушевувате од секој нов откриен агол на градот, заборавајќи на уморот од километрите поминати во пешачење низ тесните улички, живописните чаршии и тезгите со дрангулии. Хоризонтот е исполнет до бесконечност со џамии и цркви, дворци и кули, кои векови наназад ја прераскажуваат историјата на оваа територија, судирите помеѓу христијанството и муслиманството, спојот на Европа и Азија.

Без разлика дали сакате да се качите на траект и да „скокнете“ во Азија, да се восхитувате на најновата современа уметност во арт музејот Istanbul Modern, да ги видете зашеметувачките византиски мозаици во црквата на Свети Спас, или пак да прошетате низ векови старата чаршија, Истанбул вреди да се посети и е место каде што буквално, истокот се сретнува со западот.

Ви го пренесуваме духот на градот претставен низ објективот на Петар Петковски. Уживајте и за момент пренесете се во Истанбул.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖивот преку социјални мрежи | Beomseok Yang
Следна објаваДолна облека од H&M
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР