Иако неговото творештво е многу повеќе од приказни наменети за Ноќта на вештерките, на неговите обожаватели или критичари тешко им паѓа негацијата дека неговите страшни приказни не се прикладни за ова време од годината. Без сомнение – месец октомври, односно неговиот крај комбиниран со мрачното време, тежината во воздухот, студот и влагата каде што истовремено се случува и неговата неочекувана смрт, на седми октомври 1849 година во Балтимор, е посветен на големиот Едгар Алан По. За таа цел, The Morgan Library & Museum ја замисли изложбата “Edgar Allan Poe: Terror of the Soul” којашто вклучува речиси 100 парчиња уметност кои припаѓаат на англиската и американската книжевност, каде што ние ќе се задржиме на 7 погледи во неговите хорор приказни кои се совршени за комбинацијата од есен и По. Отфрлен, уништен, осакатен, несфатен… еден и единствен:

MA 8658 (formerly AZ094), inside case, Daguerreotype of Edgar Allan Poe (1809-1849)  Providence, R.I. : Masury and Hartshorn, 1848

1. “The Cask of Amontillado” – Колку далеку би оделе за да се одмаздите на некој што Ве навредил? Уште една од приказните на По од гледна точка на убиецот, оваа приказна од 1846 година е последното нешто што би сакале да го прочитате ако лесно Ве плаши помислата на „живи закопани“.

2. “The Tell-Tale Heart“ – Неименуваниот наратор на овој расказ од 1843 година навистина сака Ве убеди дека тој не е луд, дури и откако ќе Ви каже за тоа како убил еден стар човек. Ова е совршен пример за готска фикција која подоцна ќе стане заштитен знак на По.

3. “The Black Cat” – Оставете го По да напише приказна за најголемата одмаздољубива мачка на сите времиња, објавена во 1843 година, во The Saturday Evening Post.

4. “The Pit and the Pendulum“ – Најдобрата предност на По во поглед на историската фикција е што ги користи ужасите на Шпанската инквизиција како инспирација за приказната од 1842 година, која за разлика од другите негови дела, не е базирана на натприродни сили.

5. “Morella“ – Смрт, семејство, тага. Овие три работи се срцевина на расказот од 1835 година.

6. “The Masque of the Red Death“ – Принцот Просперо и неговите богати пријатели се обидуваат да ја избегнат чумата преку организирање на бал под маски. Но, како што не учи овој расказ од 1842 година, смртта не ги поштедува улиците…

7. “The Raven“ – ниедна листа посветена на По не може да мине без најкултната поема на сите времиња, која го обележа неговото творештво: дури и ако веќе сте ја прочитале „Гавранот“, веруваме дека не сте останале индиферентни на „nevermore“!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Ужина за Денот на вештерките
Следна објаваУметноста на љубовта | David Renshaw
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР