Тоа што претежно повеќе од половината филмови поттикнати да го прикажат почетокот по крајот на светот се случуваат во напуштени библиотеки, не мора да значи дека оваа фото-серија ќе Ве остави индиферентни. Со наслов ‘Abandoned: Mark Twain Branch Detroit Public Library’, овие срцепарателни фотографии се направени во Кливленд, Охајо каде што авторот на истите, Brandon Davis, вели дека го заробил тажниот момент на распадната цивилизација во напуштениот храм на знаењето.
Секој читател би се сложил дека погледот на овие фотографии е болен, атмосферата е непожелна и трагична, додека ентериерот кој се распаѓа дополнително ја ужаснува глетката. Зграда која го изгубила своето значење, како сеќавање на катедралата на душата.