Можеби штотуку сте го почнале Вашиот прв роман. Можеби Ви е трет во низа кој се бори да Ви го задржи вниманието да го прочитате докрај. Сите ние, во одредена фаза од животот, мора да се поставиме во себе-регулирачка позиција каде ќе се поврземе и фокусираме врз започнатата книга. За да се направи оваа (не)возможна мисија полесна, Ви нудиме 5 пристапи кои може да го забрзаат процесот, а се препорачани од WritersWrite.com:

.1.

1# Белешки на писателот.

Запишувајте ги Вашите цели. Направете го ова доколку не сте го направиле порано – запишувајте ги Вашите идеи на картички, белешки, во мобилниот телефон, на лаптопот, во нотесот; секаде каде што Вашиот поглед има пристап. Ова ќе биде секојдневно потсетување дека треба да читате, а понекогаш и поттик ова навика да прејде во пишување сопствена книга.

2# Сопствено катче.

Дали имате определен дел од домот за одмор, а определен за работа? Тогаш направете спој од работна атмосфера на удобна фотелја, каде што ќе ги чувате Вашите започнати книги, заедно со букмаркерите, белешките и Вашата шолја за кафе.

3# Омилена полица.

Некогаш започнувате со читање и заборавате зошто воопшто сте почнале да ја читате книгата. Причина? Истата останала заборавена во некоја чанта или под Вашето биро на работа. Изберете си полица каде што ќе стојат сите Ваши започнати книги, сепарирани од оние кои допрва треба да ги започнете.

4# Кратко бегство.

Еднаш неделно, излезете на кафе сами со себе. Како друштво, понесете ја Вашата започната книга на состанок. Изберете кафе-книжарница, порачајте вкусно кафе и посветете ѝ се до максимум. Кога ќе се најдете во ваков интимен момент, фокусирањето ќе дојде само по себе.

5# Креативно гориво.

Секој уметник, писател, креативец, читател – има потреба да се храни од убави нешта. Како споделување на позитивна енергија, креативноста е нужна за опстанок. Мали триумфи и големи разочарувања, длабоко блаженство и моментен бес, воопшто не е важно се’ додека чувствувате додека читате или пишувате.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваChanel | Coco Mademoiselle парфем
Следна објаваStar wars улична уметност
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР