Кога еден автор ќе се одлучи на пишување нова приказна, она што заедницата на автори го принудува да мисли како појдовна точка е:

Како би сакале Вашите читатели да се чувствуваат?

Премногу често забораваме дека добрата книга, добриот филм или наједноставно, добриот разговор е во суштина, емоционално искуство само по себе. Ние копнееме по добра смеа, вистински солзи, да се исплашиме, изненадиме и расположиме. Зборувајќи конкретно за пишувањето фиктивни приказни, без целосно да се исклучат нефиктивните стории – читателот како активен дел од процесот би сакал да е информиран, но е далеку поверојатно истиот да посака да е ангажиран со неговите емоции. Рекламните агенции многу добро го познаваат ова: тие сакаат публиката да превземе акција (да купи нешто, да направи нешто, да промовира нешто) и тие знаат дека оној сегмент од публиката која што ќе го направи нештото е оној што бил највеќе мотивиран. Од таа причина, станува правило дека мотивацијата е покрената од силна емоција. Тоа може да значи дека ако не ја купите новата книга на ХХ нема да бидете популарни во друштвото; односно, ако го немате прочитано новиот дел на ХХ серијалот, нема да бидете прифатени во Вашиот книжевен клуб.

1

За жал, работите не секогаш се така сјајни. Обично, кога истото се пренесува во книжевниот свет, читателите се имаат потрудено да им појаснат на авторите и издавачите дека очекуваат многу повеќе како исплата за нивната верност. Горенаведеното прашање како императив при секој обид за создавање нов наслов во светот на библиофилите мора да имаат тенденција да ги остават читателите со силно чувство и маркатен впечаток за да се зголемат шансите истите тие читатели да посакаат повеќе, да разговараат повеќе и да препорачуваат повеќе. Најсилната емоција лесно се пренесува кога искрено и емотивно препорачуваат некоја книга на нивните пријатели, со желба тие да го доживеаат истото емоционално искуство. Или, барем приближно.

И повторно, како би сакале Вашите читатели да се чувствуваат?

Можеби авторот ќе посака чувсттвата на читателот да се менуваат согласно текот на приказната, во случај кога самиот мора да им даде доволно причини за тоа: како и во животот, моќта на впечатоците е подеднакво важна и во фикцијата. Како би сакале Вашите читатели да се чувствуваат во секоја од Вашите големи сцени? Мостови во приказната или едноставно, неочекуваниот заплет и незамисливиот расплет? Тука треба да се земе во предвид не само емотивниот тон на секоја од сцените, со особено внимание минимум број од истите да доживеат здодевен момент; затоа што емоцијата е посилна кога ќе се доживее по нејзината спротивност. Тука лежи и одговорот зошто добрите трилери често менуваат смирен/духовит момент со шокантен пресврт.

2

Ако тргнете да пишувате, тогаш немојте да си забранувате да позајмувате идеи или настани: начинот на кој што Вие ќе го одредите текот на приказната со помош на Вашите емоции пренесени на хартија или екран, ќе доведе до нови емоции кај Вашите идни и потенцијални читатели. Затоа размислувајте, чувствувајте, пишувајте!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметноста на движењето | Tomasz Gudzowaty
Следна објаваСликање на вода
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР