„Дали некогаш си сакал да бидеш соодветен политичар?
– Се разбира, зарем ти не си сакал да бидеш соодветен писател?“

Со прикажување на завидна флексибилност, Харис со достигнувањето слава на база алтернативна историја на неговата татковина го сервира своето политичко мајсторство во овој параноичен трилер. Почивајќи врз предходна популарност и скандалозна фама на веќе поранешниот британски премиер Адам Ланг (кој суптилно е псевдонимен пресликан лик на фамозниот Тони Блер), тој цели кон објавување политички мемоари кои би го задржале во зенитот на глобалната политика иако тој се пензионира од високата позиција која контроверзно и љубоморно ја држи во последниот половина век. Покрај притисокот за мемоарите да бидат доставени во договорената временска рамка, се случува неговиот менаџер и советник, а воедно и автор на истите, МекАра да биде жртва на (само)убиство.

„Сфаќате дека јас не знам ништо за политиката, нели?
– Но, Вие сте гласале за него, зарем не е така?
За Адам Ланг? Секако дека да, сите гласаа за него. Тој не е политичар, тој е вистинска лудост.“

Ангажирањето на новиот анонимен, а воедно и аполитичен писател кој не успева да котира на листата на британски бестселери се чини како мудра одлка поради тоа што истиот би пишувал на јазик разбирлив на народот и така Ланг би се приближил до масата на начин несоодветен на него. Но, во моментот кога тој дознава дека околу смрта на неговиот предходник, со кој е инстантно заменет, постои сомнителна аура која го откриваат премиерот во сосема поинакво светло – открива податоци кои се косат со неговите автобиографски редови, открива познанства кои се негирани од негова страна додека тој пишува, а згора на сето тоа – Ланг е обвинет од Меѓународниот трибунал во Хаг за воено злосторство: киднапирање осомничени терористи на Ал Каеда во Пакистан, кои (не)случајно се предадени на ЦИА. Ова сознание кулминира со масовни демонтрации пред имотот на премиерот, негово медиумско следење и јавен притисок на севкупното негово семејство, соработници и вработени.
Како што писателот во сенка навлегува во пишувањето, Харис затаено ја цинизира приказната со црн хумор на кој не му се предвидува крајниот пресврт на околностите – на Ланг му е извршен атентат пред очите на широката разочарана јавност, а писателот е фатен во небрано во најскор можен рок да ги финишира мемоарите и покрај фаталните лаги кои константно и градативно се обелоденуваат…

„И сите зборови се тука, но – на погрешно место.“

Секако, резервираноста останува како верен следбеник на британскиот однос кон светот, воопшто, а и самата поента укажува на тоа дека колку и да сме аполитички настроени, или незаинтересирани за политиката – несомнено сме инволвирани во неа, на овој или оној начин. Во ваков свет на малверзации и опструкции, моралните начела се само мртво слово на хартија кое лесно се заобиколува. И што ако, да се биде објективен е основна предиспозиција да се биде аполитичен, но што ако си манипулиран водејќи се од ставот дека всушност си, социјализиран?
И што ако манипулацијата доаѓа од твоите најблиски кругови…
Доволно длабоко, за да заинтригира!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовет по филозофија
Следна објаваСреќен семеен живот во 37м2
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР