11Уште една несекојдневна убава и весела потврда дека големото не секогаш е и најдобро, е овој шармантен семеен дом во Калифорнија, сопственост на млад брачен пар со мало дете. Трочленото американско семејство живее во бунгалов со вкупна површина од само 37 метри квадратни, а во малата квадратура умешно се спакувани мини дневна соба со софа, екипирана кујна, трпезарија, бања и два лежаи. Не само што восхитува со функционалноста и паметното искористување на расположливиот простор, туку и со оптимистичниот шарен ентериер, докажувајќи уште еднаш дека добрата организација и облагородувањето на просторот со убави детали, е се’ што е потребно, задури и најмалиот простор да се претвори во прекрасен дом. Уреден е во манир кој стилски ги рефлектира 20-тите години од минатиот век, со бела боја како основа на ѕидовите и плакарите, и колоритни детали во интензивни нијанси на тиркизни, розови, портокалови, корално црвени и зелени тонови. Мноштво украси со разиграни бои, ѕиден декор, перничиња со шарени дезени, книги, цветни аранжмани и детали со свежа ретро нота, вклопени се во целина која едноставно зрачи со позитивна животна енергија. Како инспиративни решенија од уредувањето на внатрешноста може да се издвојат шарените прекривки наместо завеси, и практичната идеја за флексибилен кревет, идеален за малиот простор со кој се располага.

13

14

15

16

17

18

19

20 12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПисател во сенка – Роберт Харис
Следна објаваNicolas Cage во улога на Дизни принцеза
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ