Куратор по професија, George Oates на својот Flickr профил создава галерија на фотографии со наслов „Луѓе кои заспиваат во библиотеките“, чие колектирање моменти претставува една интересна и духовита збирка на ненадеен сон во светот на книгите. Кога никој не очекува – штом сте совладани од сонот, тогаш George ќе Ве прикачи во галеријата независно дали се наоѓате врз удобен кауч или дрвена клупа!

Лесно може да се заклучи дека галеријата вклучува и уморни студенти забележани во читалните, како и случајни читатели кои си дозволиле дневна дремка со книгата во нивниот скут. Спремање испити, истражување или едноставна посета на библиотеките. Без оглед на причината за нивната пауза во денот, зарем не би сакале и Вие да одморите во ветената земја на соништата (па дури и да бидете објавени на Flickr)?

1

2
3

4

5

6

7

8

9

10

11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLEGO библиотекари
Следна објаваВтор дел | Глобална улична мода
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР