1

Куќата на модната дизајнерка Úrsula Mascaró е едно од оние магични катчиња во кои се вљубувате на прв поглед. Лоцирана е во Менорка, и со својот боемски шарм и хипи амбиент совршено се надополнува со пријатноста на опкружувањето. Со хармонија помеѓу смиреноста и разиграниот дизајн, микс на бохо стилот со модерни елементи и топли дрвени допири, и комбинирање на неутралните тонови со колоритните акценти на украсите, се’ е искомпонирано со многу вкус и изразена женска нота во уредувањето, давајќи му исклучително деликатен шик изглед на ентериерот. А во него, меѓу грубите бели ѕидови, декорот е сочинет од мноштво уметнички дела, дизајнерски мебел, ретро детали и сувенири со спомени од патувањата, и секако, многубројните чевли со потпис на креаторката, лежерно ,,расфрлани’’ по впечатливиот тиркизен под. Надвор пак, под сенката на палмите и зеленилото, мами воздишки егзотичната тераса со релаксиран амбиент и простран базен. Смирен кантри живот во комбинација со совршен баланс меѓу културата, уметноста и модата. Постои ли нешто поубаво?

2

3

11

14

4

13

5

9

7

8

10

6

15

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваH&M | Лесна елеганција
Следна објаваNew Era | Енди Ворхол капи
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР