1img35Инспиративно и авантуристички, понесена од магијата на Островот на богатството, Ди Морие тргнува во предизвик да создаде сторија која ќе наликува на островот на Стивенсон, но овој пат стационирана во Јамајка, каде авторката го исцрпува својот највисок восхит и девалвирање преку повеќекратки посети кои изобилуваат со жештина, авантура и адреналин од една, заедно со хорор и незвесност од друга страна, нетипични за британското секојдневие кое таа го поседува. Сето тоа воодушевување, преточено во ремек-дело од 1936 година, оживеано во филм на Хичкок.

Мери Јелен, централен лик во романот на свои 23 години ја губи мајка си и перманентното место за живот во тивката периферија и заминува да живее кај нејзината тетка, исто така ожалостена од смртта на сестра си. Трпелива и убава, темпераметна и срдечна жена како што Мери ја памети, која живее со својот сопруг, за кој сите знаат дека е сопственик на Јамајка Ин, најконтроверзниот хотел во Јамајка. Истиот тој хотел за кој се велеше дека е совршен, за Мери да се најде со својот багаж пред, благо кажано, ужасна мини зграда. Колку што тетка и Пејшнс е прекрасна и измачена, толку тетин и Џос Мерлин е одбивен и доминантен – Мери се соочува со предизвикот да остане во нивниот дом, во Ин, против своја волја; но и со должност да и помогне на погазената блиска роднина.

Во потрага по свој сопатник, Мери трага по драматичност и неизвесност, за сепак да се скраси во мирен град. Тортурите кои и се предизвикани на Мери од страна на Џос повлекуваат ужасни сознанија кои уште повеќе ја вовлекуваат во вртлогот на сериозна опасност: разврат, шверц и убиство. Како очевидец на овие ниски дејствија, Мери е се’ освен безбедна… наметната обврска да работи во Јамајка Ин и претставува згрозување, наметнатата должност да биде внука на Џос уште повеќе ја деморализира – се’ до моментот, кога во Ин пристигнува млад човек за кој таа чувствува должност да му помогне, да го избрка од опасноста и да го заштити. По волја на судбината, тој човек е Џем Мерлин, помладиот брат на негативецот од нејзин тетин. Имено, крадец на коњи кој живее недалеку од Ин. По сите изгледи, потрагата на Мери завршува тука…

Ди Морие го постигнува замисленото: да се стекне со став на сериозен романсиер чии белези на трилер и јачина на мултикомплексните ликови во готичарски стил, со опасна подлога која вклучува пороци, кражби, саботажи, убиство, лудило; како елемент на готик авантура се поставува дескриптивниот и суштествен карактер на мажите во приказните на Ди Морие. Тие се искреирани во насока да ги одржат границите на жените, иако Мери се одликува со храброст и снаодливост, непокорлива волја и темперамент – за на крајот, избира да се спогоди со живот со Џем, речиси идентичен на нејзиното вечно бегство за пресликување на животот на тетка си.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Огледало на природата
Следна објаваСпални соби во боја
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ