Неверојатно романтично место се крие во јужниот дел на Италија, во срцето на малиот историски град Монополи, провинцијата Бари, издигнато на ѕидините на морскиот гребен како вистински скапоцен камен. ,,Don Ferrante”  е несекојдневно убав бутик-хотел, со древна архитектонска градба во која живее минатото, реставриран и преуреден во духот на ерата во која е настанат и почитувајќи го оригиналниот дизајн, но целосно адаптиран да им овозможи незаборавно поминато време, и пријатно чувство на хармонија и удобност на своите гости. Шармантната стилизирана структура е дизајнирана внимателно и со посветеност на деталите, во амбиент на максимален конфор и елеганција, каде секој простор е уреден уникатно и автентично, со луксузен мебел, раскошни украси и рачно изработена керамика, придржувајќи се до типичниот медитерански стил. Од изгрејсонце до зајдисонце мамат воздишки глетките на синилото на морето и небото, во кои се ужива од прекрасните тераси или, пак, од снежно-белиот ресторан издигнат на кровот, во опкружување на идиличните пејзажи на оваа живописна локација. Некогашната стара тврдина денес воодушевува со својата убавина, меѓу свежината на морето која гали во утрата, мирисите на расцутените цвеќиња и звукот на чекорите во древното италијанско гратче, неодоливо наликувајќи на магичен амбиент од некоја романтична бајка.

3

4

5

6

7

8

9

78

10

11

12

80

13

14

15

16

17

18

19

06 (1)

03

20

21

22

01

23

24

25

26

27

86

28

29

65

876

4 (1)

300

31

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКуќната забава на Големиот Гетсби
Следна објаваБакни ме, те молам | Nagano Toyokazu
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР