Facebook воглавно се смета како најголем узурпатор на нашето слободно време, но тој исто така ни нуди можност за запознавање на нови пријатели и можност да се одржува врската со старите без разлика на физичката оддалеченост едни од други.

Silvia Sala и Freddy Viera се двајца млади и креативни фотографи од Бергамо, Италија. Живееле во ист град, но благодарение на Facebook тие се запознале. Silvia студира во Венеција, но еднаш месечно се враќа дома само за да работи на заедничкиот проект со својот Facebook пријател.

„Почнавме да правиме заеднички фотографии, вооглавно портрети и тоа им се допаѓаше на луѓето па решивме да направиме нешто повеќе. Правиме две фотографии кои се поврзани меѓусебе“ – изјавува Silvia.

„Понекогаш одиме во потрага на нови места и се обидуваме да дојдеме до нови, оригинални идеи, бидејќи понекогаш се случува да сме надвор со фотоапаратот, а да не знаеме што да правиме“ – вели Freddy.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНебесна патека на Големиот Кањон
Следна објаваПадни два пати, стани три пати!
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР