Обично, новите информации за книги не пристигнуваат на овој начин, но, The Independent синоќа излезе со соопштение дека авторката на Хари Потер, Џ.К. Роулинг во април објавила нов крими-роман со наслов The Cuckoo’s Calling (Повикот на кукавицата), нејзин ракопис објавен под машки псевдоним, т.е Robert Galbraith.

Оваа книга посочува дека дел од причината за прикривање на нејзиното авторство била слободата од големите очекувања од нејзино име, каде што издавачката куќа вели дека „прекрасно е кога големите книги се објавуваат без да се пропратени од возбуда или очекувања, така што може да се стекнете со чисто задоволство при добивањето повратни информации под друго име“, притоа оправдувајќи ја г-ѓа Роулинг.

Моментално со оценка 4. 01 од 5, рејтингот на „Повикот на кукавицата“ на Goodreads со само 25 прегледи, општо земено читателите ја оценуваат како забавна, задоволителна со посебни пофалби за главниот лик, Cormoran Strike. Лишен од сопствената среќа, овој лик како воен ветеран се соочува со самоубиство на еден супермодел… Дали читателите се посомневале за идентитетот на авторот кога се забележале поистоветувања со Роулинг и Галбрат, бидејќи „ги делеле“ истиот уредник и издавач? Шпекулациите се поставиле како вистински – совршена трилер-техника за поголем публицитет, секоја чест за Роулинг!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Дел од Шпанија
Следна објаваCalvin Klein | Парфем DOWNTOWN
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР