Она што е неверојатно уникатно кај фотографиите е тоа што тие заробуваат момент кој исчезнува засекогаш, кој е невозможно да се репродуцира – кога станува збор за навистина уметнички фотографии, тогаш ние настапуваме со соодветен пример. Betty Gaiss е Русинка која студира во Париз, фотограф кој својата инспирација ја наоѓа токму во моментот кога заминува на студии во градот на светлината. Нејзините композиции говорат доста за нејзиниот талент за забележување вонсериски убавини, комбинирани со нежноста на женската силуета, а истовремено со романтичен допир.

Во текот на животот се менуваме. Јас немав љубов кон уметноста се додека не дојдов во Париз. Но, како што сите знаат, магичните места лесно го менуваат човекот. Париз е токму такво место, место кое ме промени, место каде се роди мојата љубов кон фотографијата.

Денес, јас веќе сум во 6-годишна врска со моето најомилено хоби – фотографирањето. Започнав за мене, мојот фотоапарат ми беше најдобриот и единствениот пријател на почетокот и за кратко време токму тој ми донесе многу фантастични луѓе во мојот живот, со кои ја делам љубовта кон фотографијата. Јас секогаш сакав некои смешни, магични работи и тешко е да зборувам за мојата инспирација, бидејќи дури и едноставна работа може да ме инспирира при креирањето на моите фотографии. Но постои нешто што е цело време во мојот ум секогаш кога го имам фотоапаратот во раце… мојот сон! – вели Betty, каде искрено додава: Да, јас сум сонувач…и тоа голем сонувач. Сонувам за еден друг, помирен и поразнобоен свет. Свет во кој би сакала да живеам. Значи, како што можете да си замислите, мојот фото-свет е во исто време мојата друга димензија.

Се инспирирам и од другите уметности како на пример: киното. Сакам филмови и студирајќи го тоа, ме тера да го сакам киното уште повеќе. Токму сега киното е една од моите најважните инспирации. Понекогаш, се чувствувам како вистински режисер, а моите модели – се вистински актери. Тоа е прекрасно, бидејќи тогаш ние создаваме нешто повеќе од само едноставна фотографија. Во исто време, имам две музи: Кира Најтли и Ванеса Паради. Постои нешто самовилско во нивната работа, нешто премногу француско и женствено, одговара таа на прашањето за пронаоѓање инспирација во реалното, навидум здодевно секојдневие.

IMG_3382

IMG_4994

IMG_6287

IMG_7076-2

IMG_7289A

IMG_8012

IMG_8226 copy_edited-1

IMG_8520 copy_edited-1

IMG_8564 copy

IMG_8810

 За крај, мислам дека секој фотограф е во потрага за ЕДНА фотографија која ќе го одбележи неговиот живот, а тоа е токму она што го правам последните 6 години. Го чекам магичниот момент кога ќе почувствувам дека јас конечно сум ја направила фотографијата на мојот живот и тоа е она што им го посакувам на другите, кои ја делат љубовта кон фотографирањето заедно со мене.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Историска романтика
Следна објаваПринцезите на Дизни во улога на лоши ликови
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР