Серијата со наслов „Културен воин“ на Long-Bin Chen, уметник од Halsey Institute of Contemporary Art со седиште во Њујорк претставува една културна рециклажа на книги, телефонски именици и списанија. Долго време овој уметник е познат како трансформатор на весници, списанија, книги како негов медиум, со внимателно длабење и вајање ликови од блокови мека хартија. Од воини до композитори, неговите дела на прв поглед се високо-реалистични 3D фигури направени од камен, но со поблиско набљудување – евидентен е материјалот со кој тој работи.

Инспирацијата на Chen е смирена социјална промена со која се обидува да се поврзе со идеите од истокот, каде што е роден; со идеите на западот, каде што тој живее. Неговата творечка пракса до 06. 07. 2013 беше изложена во Институтот во Јужна Каролина, чија цел беше да се поттикне комуникација меѓу потрошувачите, отпадот и дигиталната ера на книгите.

1

2

3

4

5

6

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLevel полица | Roger Moliné
Следна објаваВо потрага по боите на виножитото
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР