Минималистички дизајн креиран од шпанскиот дизајнер на мебел Roger Moliné, чиј наслов означува „ниво“ – своевидна ѕидна полица која го менува својот облик во зависност од содржината врз истата. Кога ќе ставите книги во една категорија, истата расте зависно зголемувањето на тежината и овозможува додавање на повеќе книги.

Благодарение на тежината на книгите, Вие автоматски се стекнувате со дополнителен простор за складирање. Звучи како остварување на сонот, со оглед на фактот што библиофилите секогаш се борат со кусок простор за складирање на книгите во домот. На овој начин, очигледно може да се прикаже кој чита повеќе, а кој помалку. Навистина на ниво!

1

2

3

                                                                                     

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКошница за секој велосипед
Следна објаваКултурен воин | Long-Bin Chen
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР