Тоа е Колин Фирт – но, не онаков каков што ние го познаваме. 3,7 метри висок и изработен од фиберглас: статуа на замислениот г-дин Дарси, најпосакуваниот фиктивен ерген на сите времиња како главен лик во Остиновата „Гордост и предрасуди“ беше поставена на 08. 07. 2013 во езерото во Лондон. Статуата го покажува Дарси како излегува од езерото во мокра кошула, каде се долови моментот на пресоздавање на култната сцена од телевизиската адаптација на романот од 1995 година, со Колин Фирт во главна улога. Истата сцена помогна да го метаморфозира актерот како секс-симбол, редовно избран како најсекси маж во Велика Британија.

Еден од склупторите изјавува дека оваа сцена всушност е само почетна точка која дополнително го слави безвременскиот херој на Џејн Остин. Статуата којашто го покажува Дарси од половината нагоре – беше поставена помеѓу лебеди и пливачи во Hide Park Lake за да се промовира Drama TV channel, нов канал посветен на британската продукција. Г-дин Дарси ќе остане во оваа позиција и локација до февруари 2014.

A statue of Mr Darcy

E

3

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметноста како начин на живот | Yiannis George Bellis
Следна објаваГоворот кој го чекавте
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР