1

Со својот свеж и суптилен изглед, но и магијата на морето која се чувствува низ целиот простор, Casa do Barco е совршеното место за оддишка и уживање во летните денови. Вдахнувајќи опуштена морска атмосфера налик на летна колиба од соништата, зад дизајнот и стилските решенија се потпишува португалската архитектка Vera Iachia, која одново воодушевува со проектирањето релаксирана летна куќа што краде воздишки. Ентериерот е во релаксиран и романтичен тон, со мошне интересни и визуелно впечатливи детали, избрани внимателно и со многу вкус од дизајнерката. Доминираат природните материјали, како што се лежерните допири од дрво, бамбус и камен – умешно внесени преку мебелот и декорациите во уредувањето на секое катче. Сензуалната комбинација на белата боја и нежните смирени нијанси, игриво е надополнета со текстили со шарени дезени и поинтензивни тонови. Изборот на морски мотиви и украси, деликатно го оживува амбиентот на плажата во внатрешноста, пресликувајќи го на најдобар начин духот на летото низ куќата. Надвор, пак, терасата и градината канат на уживање во идилично опкружување, со безброј можности за опуштање на сетилата. Прекрасна летна инспирација!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Саксии од бетонски блокови
Следна објаваГутенберг во Вашиот дом
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ