1

Тешко е да се замисли подобра локација за летно прибежиште, но и архитектонско здание кое може да понуди поголем број удобности, од прекрасниот летен дом на дизајнерката Pequenina Rodrigues. Нејзиното катче за летно бегство е сместено на португалскиот брег, само час јужно од метрополата Лисабон. Се вљубила на прв поглед во сончевата локација и магичните видици на морето, па без колебање се препуштила на создавање божествено засолниште за себе. Нејзиниот летен дом мами воздишки уште однадвор, а на убавото чувство се надоврзува и пријатно уредениот ентериер, полн со детали кои изнудуваат радост. Сопственичката е креаторка на рециклиран мебел, па така, фасцинацијата од природните материјали и рециклираните парчиња е присутна насекаде. Структурата на куќата ја сочинуваат четири целини, инспирирани од градбата на традиционалните рибарски колиби. Во главната колиба се позиционирани дневната соба, трпезаријата и кујната, со три тремови кои гледаат кон џакузи вдлабнато во песокот. Другите три колиби, пак, располагаат со голема спална соба, бања и три гостински соби, меѓусебно поврзувајќи се со отворените патеки низ песочните дини. Уредувањето на внатрешноста  е во лежерен тон, со релаксиран амбиент кој рефлектира спокој, свежина и ги одмора сетилата. Меѓу светлината од белата боја и топлината од дрвените допири, секоја просторија открива автентично избран декор,  украси со морски мотиви и интензивни летни бои, совршено надополнувајќи се со деталите надвор. А кога е надворешноста во прашање, вистинските поводи за уживање лежат токму таму. Пространиот базен и идиличните катчиња за седење под отворено небо, во опкружување на живописна природа и магичните глетки на морскиот брег, се се’ што може да се посака за летен одмор од соништата.

22

23

12

2

11

21

7

3

9

5

13

17

6

20

15

4

14

16

19

8

10

18

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШекспировата Војна на ѕвездите
Следна објаваФото на денот | Старата чаршија
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ