1

Сместена на падините на италијанскиот остров Капри, прекрасната Villa Ferraro претставува вистинска рајска оаза за уживање. Не само што е поставена на одлична локација на ридот, со магични видици на знаменитостите и убавините на живописниот остров, туку и восхитува со неверојатниот дизајн кој мами воздишки. На нејзината темелна реставрација работела италијанската архитектка Fabrizia Frezza, создавајќи навистина чудесно место за одмор. Вилата располага со шест луксузно уредени соби, идилична градина, тераса и базен на кровот. Овозможува низа погодности, меѓу кои и врвна услуга во текот на целиот ден, како и all inclusive понуда во исклучително романтична атмосфера. Собите се стилизирани со ексклузивни парчиња мебел и уникатни декорации, а секоја од нив открива нова панорамска глетка на Капри. Дизајн од соништата и една од најпосакуваните светски дестинации – спој за несекојдневно доживување кое се памети долго. Уживајте!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

14

15

16

17

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Гумени патки во морето
Следна објаваОригиналните книги на Буковски | Valentino Borghesi
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР