kasni porasni

,,Ах, таа лубеница, таа деница, среде поле ко негова реченица,
дали има нешто повеќе што блажи, не може со полна уста да се каже,
само една пчела остана да бучи, верувајќи дека друго ќе се случи. ‘’

Инспиративна подводна фотографија од Elena Kalis насловена ,,Underwatermelon’’, која неодоливо наликува на корицата од легендарната детска лектира со која ,,каснаа и пораснаа’’ многу генерации. Одлично потсетување на благодетите на годишното време кое е на прагот. Вода, детска радост и вкусот на љубеница – постои ли е поубава асоцијација за најава на летото?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваChristian Louboutin | Сон
Следна објаваMercedes Benz | пролет/лето ’14
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ