SICILY, ITALYЛегендата вели, дека на шестиот ден, кога Бог завршувал со создавањето на Земјата, воодушевен од убавината на делото кое го создал, го зел светот в раце и го бакнал. Местото кое го допрел со своите усни, била Сицилија. Со површина од 25.708 km2  е најголемиот медитерански остров, распослан на самиот врв од италијанската ,,чизма’’, во средината на Средоземното Море, 160 км оддалечен од Тунис, и со излез на уште две мориња, Јонското и Тиренското. Доколку првата асоцијација при спомнувањето на нејзиното име ви е дека тука ќе бидете пречекани од членoвите на Cosa Nostra, озогласената сицилијанска мафија, реалноста говори нешто сосема поинакво. Како ретко каде, во Сицилија туристите наидуваат срдечен и топол дочек од гостопримливите домаќини, со несекојдневно пријатен и пријателски третман во текот на целиот одмор. Италијаните за неа велат дека е ,,повеќе од остров’’ и ,,ако ја видите, сте го виделе целиот свет’’, и не лажат. На едно место оваа космополитска дестинација ги спојува културите на Азија, Европа и Африка,  оживувајќи ги со изобилството древни историски споменици, антички храмови, амфитеатри, средновековни катедрали и палати. Низ бурната историја долга повеќе од три милениуми, на ова тло стапнале мноштво освојувачи, меѓу кои и Грците, Римјаните, Арапите, Норманите, Феничаните…Сите оставиле свои траги врз архитектурата и фолклорот, претворајќи ја, денес автономната италијанска регија, во вистинска градина на културите и лулка на историјата. Кога на богатото културно наследство ќе се додадат раскошната природа и живописните пејсажи, убавите градови и  мистичните села со рустикален амбиент, тиркизно синото море со кристално чиста вода и песочните плажи, јасно е дека со својата понуда може да ги задоволи вкусовите дури и најпребирливите. Главниот град Палермо нуди незаборавна прошетка низ модерната и древната архитектура, Таормина води на историско патување низ тајните на антиката, а Џардини Наксос ги открива благодетите на добрата забава и одморот од соништата. Од обиколката не смее да се изостават ни Сиракуза, Агриџенто и Месина, но и останатите околни автентични градови и помалите острови со рајски плажи. За трагачите по возбуди, пак, на местото каде стрмните планински карпи се капат во морето, извишен е најпознатиот и единствен жив вулкан во Европа – Етна,  на висина од  3.340 метри, со стотици изгасени и активни кратери. На патот низ Сицилија, не може, а да не се посети некој од локалните ресторани, со богата трпеза од вкусни рибни деликатеси, паста со сардини, традиционална сицилијанска пица, слатки со бадеми и мед, како и шише квалитетно домашно вино. Инспириран од величенственоста на медитеранската убавица, познатиот писател Гете ќе рече: ,, да ја видите Италија без да ја видите Сицилија, значи дека не сте ја виделе Италија, бидејќи Сицилија е клучот на сè. ’’

8986

8765

7869

8742

7886

7788

8799

76867

6542

3332

87989

6532

8764

5555

9787

8886

P

7463

7654

77267

9889

7632

207851_205688496118252_2835721_n

7643

3245

8754

78799

img67o

7865

5436

715

6540 8273

7878

6768

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕдиторијал | Топло и ладно
Следна објаваМајки и нивните ќерки – модели | Howard Schatz
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР